РФМ ја исплати премијата од 40.000 евра на сениорската репрезентација за пласман на ЕП Австрија/Норвешка/Шведска 2020

РФМ ја исплати премијата од 40.000 евра на сениорската репрезентација за пласман на ЕП Австрија/Норвешка/Шведска 2020

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 40.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на Европското Првенство кое ќе се одржува во Австрија,Норвешка и Шведска 2020 година.

 Македонските репрезентативци го освоија првото место во квалификациската група за ЕП во која уште се наоѓаа и репрезентациите на Исланд, Турција и Грција, со што се најде во вториот шешир за извлекувањето на групите за континенталниот собир.

 Ова ќе биде шести пласман на македонските машки сениори на Европските Првенства по настапите во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014) и Полска (2016), Хрватска (2018).

 Машката ракометна репрезентација на ЕП ќе настапува во Австрија (Виена) во јануари 2020 година,и ќе се натпреварува во групата Б  против Австрија, Чешка и Украина.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани, Женската сениорска национална селекција , во рамки на квалификацискиот циклус Women’s EHF EURO 2024