Кадетската репрезентација на Македонија ја запиша првата победа на Мундијалот. Вечерва во СЦ Борис Трајковски совладана е репрезентацијата на Нигерија со резултат 37:34, на полувреме 19:18.
Уште на почетокот на средбата се виде дека ова ќе биде тежок и неизвесен дуел во кој двете репрезентации ке дадат максимум да обезбедат победа во овој натпрева. Почетното водство на Македонија од 4:2, а потоа и 6:3 беше доволно за на полувреме да се замине со предност од еден погодок во корист на Македонија.
Вториот дел започна со гол за гол на репрезентациите, за Нигерија во 45 минута да израмни на 25:25. Последнте минути од натпреварот и припаднаа на Македонија благодарение на одбраните на Кизиќ и Петковски, а во нападот максимално ефикасен беше Ненад Костески. На крај Македонија забележа победа со резултат 37:34.
Следен натпревар на кадетската репрезнтација е утре (09.08.19) против селекцијата на Бахреин во СЦ Борис Трајковски.
Натпреварот започнува во 20:30 часот, влезот во салата е слободен.