Прва победа за младинците на Men’s 20 EHF Championship

Прва победа за младинците на Men’s 20 EHF Championship

Младинската машка репрезентација на Македонија ја запиша првата победа на Men’s 20 EHF Championship. Вечерва во вториот натпревар од шампионатот совладана е репрезентацијата на Косово со резултат 51:29, на полувреме 21:11.

Ракометарите на Македонија добро го почнаа натпреварот и рано обезбедија водство кое го одржуваа во текот на целото прво полувреме. Ракомерите на Македонија имаа почетно водство од 5:0, водството од пет погодоци ракометарите го чуваа до 24-тата минута кога на семафорот беше 16:11, за до крај на полувремето и да биде зголемено. Конечни 21:11 на полувреме.

Второто полувреме рутински одиграно од страна на ракометарите на Македонија. Резултатот по одиграни 60 минути игра на семафорот беше 51:29 за Македонија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести