Пораз од Украина во првиот натпревар од баражот за пласман на 2023 Women’s World Championship

Пораз од Украина во првиот натпревар од баражот за пласман на 2023 Women’s World Championship

Сениорската женска репрезентација со пораз стартување во бараж натпреварите против репрезентација на Украина. Вечерва на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ загуби со резултат 22:24, на полувреме 08:14.

Ракометарки лошо го започнаа натпреварот и по пет оддиграни минути имаа негатива од три погодоци, резултат беше 0:3. За нашата репрезентацијапрвиот погодок го постигна Сара Ристовска во шестата минута од натпреварот. Ракометарките на Украина имаа константа предност од два или три погодока, а потоа следеше период период во кој нашите ракометарки имаа серија технички грешки, а ракометарките на Украина преку Маркевич ја зголемуваа предноста. Нашите ракометарки на полувреме имаа негатива од шест погодоци.

Второто полувреме започна многу подобро за нашата селекција, ракометарките на Македонија успеаа да наметнат свој ритам на игра и да ги казнуваат грешките на гостинската екипа. Во напад имаа многу посигурна игра, а погодоци постигнуваа Ристоска, Јанеска, Саздовска. Одличнитот ритам на игра и цврстата одбрана врдоија со изедначување на резултатот 16:16 во четириесет и третата минута од натпреварот. Сепак ракометарките на Украина повторно успеаа да стигнат до три погодоци предност, за на крај натпреварот да заврши 22:24.

Листата на стрелци за нашата селекција ја водеше Ристовска Сара која постигна осум погодоци, а по три постигнаа Јанеска Моника и Саздовска Јована, додека за противниците Маркевиќ, Левченко и Смабатиан постигнаа по пет погодоци.

Реванш натпреварот во баражот за пласман на 2023 Women’s World Championship е во вторник со почеток во 17:00 часот, а натпреварот ќе се оддигра во Кишварда, Унгарија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве известува дека апликациите за акредитации за