Пораз од Русија во Президент Куп на СП

Пораз од Русија во Президент Куп на СП

Македонија загуби на првиот натпревар од Президент Куп и утре од 13:00 часот ќе играме за 15 место против репрезентацијата на Чиле.

Македонија не успеа да запише победа на натпреварот со Русија. Почнавме подобро од противникот, поведовме со 4-2, но потоа следеше серија на грешки по кои Русија успеа на направи серија од 6-0 и да поведе со 8-4.

Не се предаде македонскиот тим, успеа во 10 минута да израмни на 8-8, но потоа и Русите постигнаа два гола по ред па во 15 минута беше 10-8. Македонија не успеа да ја анулира предноста на противникот, па на полувреме се замина со резултат 17-14 за Русија.

Во вториот дел на терен видовме и дел од резерврните ракометари на нашиот тим. Одиграа борбено, но не успеаа да направат пресврт. Македонија цел натпревар беше резултатски во игра, на десетина минути до крајот беше 26-28, но на крајот славеше Русија со резултат 30:28.

Наш најдобар стрелец беше Кирил Лазаров со 9 гола, Жарко Пешевски постигна пет. За противничкиот тим, Дмитри Житњиков постигна осум гола, а за најдобар играч беше прогласен голманот Виктор Киреев.

Официјален записник од натпреварот

мкд-рус3 мкд-рус5

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,