Пораз од Норвешка во петтиот натпревар на EHF EURO CUP 2022

Пораз од Норвешка во петтиот натпревар на EHF EURO CUP 2022

Вечерва во СЦ “Борис Трајковски” сениорките го одиграа петтиот натпревар од EHF EURO CUP 2022 против Норвешка и забележаа пораз со резултат 18:24, на полувреме 12:14.

Сениорките лошо го започнаа натпреварот и тргнаа со негатива од 0:2. Марија Штериова го постигна првиот погодок за нашата селекција во третата минута од натпреварот. Ракометарките на Норвешка имаа константа предност од два или три погодока, а во десетата минута го имаа и најголемото водство од четири погодоци, резултатот беше 5:9. Следеше тајм-аут за нашата репрезентација, и потоа со поогранизирана и поцврста игра во одбраната ракометарките преку Јована Мицевска и Сара Ристовска и одличната Јована Мицевска на голот, успеаа да го намалат водствот на противникот за -2 или 12-14, и со тој резултат се замина на полувреме.

Сениорките многу подобро го започнаа второто полувреме и со двата погодока на Моника Јанеска успеавме да го изедначиме резултатот на 14:14, а потоа имавме и напад за водство но не успеавме да реализираме. На средина на второ полувреме следеше пад на играта на ракометарките, односно имавме неколку нереализирани напади и технички грешки кои ракометарките на Норвешка постојано ги користеа. Во овие моменти од натпреварот гостинките имаа серија од 0:7. Македонските репрезентативки до крајот на натпреварот и покрај обидите не успеаа да го намалат водството, натпреварот заврши 18:24.

За нашиот национален тим најефикасна ракометарка беше Јована Саздовска со шест погодоци, Моника Јанеска постигна четири. На голот Јована Мицевска забележа дванаесет одбрани. За Норвешка, Хелена Фауске постигна шест пати, пред Емилие Арнцен со пет гола.

На 24.04.2022 (недела) сениорките ќе го одиграат и последниот натпревар од EHF EURO CUP 2022. Противник ќе биде Норвшка, натпреварот ќе се одигра во Бекестуа со почеток во 16:00 часот.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе Одлука по пристигнато барање од

Известување до медиуми

Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за акредитирање на претставниците на медиумите за