Хрватска ја победи Македонија на отварањето на Croatia Cup 2023 кој се одржува во Пореч, Хрватска.
Вечерашниот натпревар започна добро за нашата селекија, имавме почетно водство, но како одминуваше време така ракометарите на Хрватска ја превземаа контролата на теренот и по десет минута игра имаа четири погодоци предност 09:05, но потоа Македонија со брз и атрактивен ракомет влезе во серија и успеа да се врати во натпреварот. Погодоци постигнуваа Манасков, Јагуриновски и Пешевски. На осум минути до крајот на полувремето резултатот беше изедначен 15:15. Следеа неколку неуспешни напади на нашата репрезентација, а ракометарите на Хрватска ја користеа нашата неефикасност. На полувреме се замина со резултат 22:19.
Во второто полувреме репрезентацијата на Хрватска ја превзема контролата на натпреварот и цврста и стабилна игра во одбраната и имаа сигурен напад и успеаа да стигнат до нивното најголемо водство од седум погодоци (32:27) во 45-тата минута. Нашата селекција успеа со мини серија да намали на 37:34, но немаше време да се направи изненадување и на крај славеа ракометарите на Хрватска со резултат 40:34.
Најефикасен ракометар во нашиот табор беше Дејан Манасков со девет постигнати погодоци, потоа со седум погодоци се истакна Филип Кузмановски, четири постигна Томислав Јагуриновски.
Утре нашата селекција ќе го одигра последниот натпревар на Croatia Cup 2023, а за противник ја има селекцијата на Израел.