Пораз од Чешка во вториот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2020

Пораз од Чешка во вториот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2020

Сениорската женска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Чешка во вториот натпревар од групната фаза за пласман на ЕП 2020 во Норвешка и Данса, натпреварот се одигра во СЦ “Борис Трајковски„ во Скопје, во рамки на ЕХФ неделата.

Во вториот натпревар од квалификациите сениорката репрезентација на Македонија загуби со резултат 29:37, на полувреме 14:14.

Натпреварот го почнавме добро и храбро и ниту една од двете репрезентации не успеа резултатски да се одлепи во изедначеното прво полувреме и се замина на одмор со нерешен резултат 14:14.

Во второто полувреме Чешка со одлична игра во нападот и одбраната своето водство го зголемуваше и во 47 минути имаше шест погодоци предност. Селекцијата на Чешка рутински ги одигра последните минути од натпреварот и на крај славеше со конечни 29:37.

За нашиот национален тим најефикасна ракометарка беше Елена Ливриниќсо 12 постигнати погодоци, а 5 погодоци постигна Елена Ѓеорѓиевска, а по 4 постигнаа Гакидова Ивана и Сара Ристовска. За репрезентацијата на Чешка најефикасна ракометарка беше Луси Сатрапова со 11 погодоци, додека Доминика Захова и Маркета Јерабкова постигнаа по 7 погодоци.

Следен противник на Македонија во квалификациите е селекцијата на Португалија.

71132359_2450280461724691_2335217162429399040_n 71188964_2430423373715290_4157668671994462208_n 71539057_2375915705860122_1860133198978088960_n

Фото: Филип Вирановски (Гол.мк)

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести