Победнички старт на ГРК Борец и Пролет 62

Победнички старт на ГРК Борец и Пролет 62

Иако на крајот остварија победи со еден, односно два гола разлика, екипите на Борец и Пролет одиграа добри натпревари пред својата публика против Металург 2 и Радовиш, со кои ја продолжија доминацијата на домашните тимови во првото коло од Суперлигата.

Пред полните трибини во салата „Гемиџии“ во Велес, Металург 2 подобро го отвори натпреварот и рано стигна 4 гола предност (5-1). Се играше генерално гол-за-гол во продолжението, но последните минути од првото полувреме комплетно му припаднаа на Борец кој со серија од 8-1 направи пресврт и на пауза замина со водство од 15-12. Велешани продолжија со добрата серија и на почетокот на второто полувреме, кога стигнаа до највисоки 5 гола разлика, па и покрај тоа што Металург 2 се приближи на момент на 22-20, Борец повторно успеа да се одлепи и да поведе со 27-23. Во завршницата гостинот од Скопје постигна 3 гола во низа со што само го намали поразот за конечни 27-26 за ГРК Борец.

Ѓорѓи Куциновски со 7 голови беше најпрецизен во победничкиот тим, каде по 5 гола дополнија Зоран Стојановски и Љупчо Игнов. Кај Металург 2, Мице Шилегов реализираше 6 голови, а Марио Танковски и Димитар Димитровски постигнаа по 5.
ЗАПИСНИК ОД НАТПРЕВАРОТ

На натпреварот во салата „Македонско Сонце“ во Скопје, Пролет 62 со водство во текот на целата средба против Радовиш заслужено стигна до прва победа во сезоната. Радовиш најде начин пред крајот на првото полувреме да го намали раното водство на скопјани од 7-2 и успеа на пауза да замине со само 2 негатива (16-14), но откако Пролет во второто полувреме креираше 7 голови разлика (27-20), стана јасно прашањето на победникот. Во мирната завршница, Радовиш направи серија од 9-2 и ги постави конечните 29-27 за Пролет.

Ласко Андоновски со 8 голови и Филип Ролевски со 6 голови беа предводници на реализацијата на домашниот тим, додека кај Радовиш најрасположени беа Ивица Илиев со 10 (7 од седмерец), односно Миле Ордев со 9 голови.
ЗАПИСНИК ОД НАТПРЕВАРОТ

Со овие два натпревари се комплетираше првиот викенд во ВИП Суперлигата, а за комплетирање на првото коло, во среда ќе играат Вардар Јуниор и Металург. Натпреварот е закажан да почне од 17:00 часот.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани, Женската сениорска национална селекција , во рамки на квалификацискиот циклус Women’s EHF EURO 2024