Победа на Женската ракометна репрезентација против Италија

Победа на Женската ракометна репрезентација против Италија

Македонските ракометарки денеска на пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Италија извојуваа победа од 26 – 23.

Натпреварот се одигра во салата Автокоманда во пријателска атмосфера.

Македонската репрезентација постигнаа 26 гола, најефикасна меѓу нив беше Сара Ристевска со постигнати 7 погодоци, потоа Саздовска Јована со 5 погодоци.

За репрезцијата на Италија најуспешна беше Ротондо Лаура со 5 погодоци.

Првото полувреме заврши во корист на гостите со резултат 8 – 12, во второто Македонската репрезентација беше поефикасна со постигнати 18 погодоци, за на крај резултатот е 26-23 во корист на Македонската женска репрезентација.

Официјален записник од натпреварот.

Утре со почеток во 16:00 часот се игра вториот пријателски натпревар против Италија со салата Автокоманда.

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Сезона 2025/2026

ПРВОТО полагање за Лиценца и за Категорија ке биде одржано на: -14.06.2025 (сабота) во Општина БИТОЛА во 12:00 h. -15.06.2025 (недела) во просториите