Нерешено против Украниа во првиот натпрeвар од Men’s 20 EHF Championship

Нерешено против Украниа во првиот натпрeвар од Men’s 20 EHF Championship

Вечерва во Варна, Бугарија машката младинска репрезентација на Македонија го одигра првиот натпревари во рамки наMen’s 20 EHF Championship 2022 против селекцијата на Украина. Натпреварот заврши нерешено 23:23, полувреме 09:10.

Крајно неизвесен натпревар одиграа Македонија и Украина во Варна, и двете селекции во самата завршница имаа свои шанси за триумф. Мечот почна добро за украинските ракометари кои одржуваа предност од гол-два на почетокот на натпреварот, до крај на полувремето се играше гол за гол и на одмор се замина со резултат 09:10.

Во второто полувреме ракометарите на Украина одиграа далеку подобра одбрана и поефикасен напад за разлика од првото полувреме, а како резултат на нивната игра беше и нивното најголемо водство од пет погододоци 13:18, и таа разлика ја одржуваше до 56-тата минута кога ракометарите на Макеонија преку Ивановски дојдоа на позитива од еден погодок 22:21. Сепак ракометарите на успеаа да го задржат позитиниот резултат и на крај натпреварот заврши 23:23.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на