Вечерва во Варна, Бугарија машката младинска репрезентација на Македонија го одигра првиот натпревари во рамки наMen’s 20 EHF Championship 2022 против селекцијата на Украина. Натпреварот заврши нерешено 23:23, полувреме 09:10.
Крајно неизвесен натпревар одиграа Македонија и Украина во Варна, и двете селекции во самата завршница имаа свои шанси за триумф. Мечот почна добро за украинските ракометари кои одржуваа предност од гол-два на почетокот на натпреварот, до крај на полувремето се играше гол за гол и на одмор се замина со резултат 09:10.
Во второто полувреме ракометарите на Украина одиграа далеку подобра одбрана и поефикасен напад за разлика од првото полувреме, а како резултат на нивната игра беше и нивното најголемо водство од пет погододоци 13:18, и таа разлика ја одржуваше до 56-тата минута кога ракометарите на Макеонија преку Ивановски дојдоа на позитива од еден погодок 22:21. Сепак ракометарите на успеаа да го задржат позитиниот резултат и на крај натпреварот заврши 23:23.