МАКЕДОНИЈА ДОМАЌИН НА MHC OPEN MEN’S CHAMPIONSHIP 2027

Ракометната федерација на Македонија ќе биде домаќин и организатор на 23. MHC Open Men’s Championship, кој ќе се одржи од 18 до 25 април 2027 година во Скопје.

Извршниот комитет на Медитеранската ракометна конфедерација (MHC), на седницата одржана на 27 август 2026 година, едногласно донесе одлука организацијата на шампионатот да ѝ биде доделена на Македонија.

На првенството право на настап ќе имаат ракометари родени во 2010 година и помлади.

Доделувањето на организацијата претставува уште една потврда за довербата во Ракометната федерација на Македонија и нејзините организациски капацитети за реализација на меѓународни ракометни натпреварувања.

Скопје повторно ќе биде домаќин на меѓународен ракометен шампионат

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email