Нерешено против Чешка во првиот натпрeвар во баражот за пласман на 2023 Men’s World Championship

Нерешено против Чешка во првиот натпрeвар во баражот за пласман на 2023 Men’s World Championship

Вечерва во Датари салата во Злин, машката сениорска репрезентација на Македонија го одигра првиот натпревар во баражот за пласман на 2023 Men’s World Championship кое ќе се одржи во Полска и Шведска. Противник во баражот на сениорите е репрезентацијата на Чешка, а натпреварот заврши нерешено 24:24, полувреме 10:13 во корист на Македонија.

Одличен старт на натпреварот за ракометарите на Македонија, уште од самиот старт на натпреварот го превземаа водството. Нашиот национален тим по одиграни десет минути игра имаше водство од четири погодоци, резултатот на семафорот беше 1:5. На одличната игра во одбраната и ефикасниот напад, со неколку одбрани се надоврза и Никола Митревски. Предоста од неколку погодоци сениорите ја задржаa до крајот на полувремето, Филип Миркуловски со погодокот го последните секунди од полувремето ни донесе предност од три погодоци на полувреме (10:13).

Почетокот на второто полувреме беше одлично за нашите ракометари, серија од 0:4 и најголемо водство на Македонија на натпреварот. За најголемото резултатско водство погоди капитенот Кирил Лазаров од пенал по само четири одиграни минути во вториот дел, резултатот на семафорот беше 17:10. Сениорите одржуваа константна предност од пет до шест погодоци, се до последните десетина минути од натпреварот. Голманот на репрезентацијата на Чешка, Томас Мрква во овој период од натпреварот забележа значајни интервенции, а со тоа го остави својот национален тим во борба за позитивен исход. Како се приближуваше крајот на натпреварот, ракометарите на Чешка ја смалуваа предноста на Македонија. На три минути до крај Чешка имаше два негатива, сениорите не успеаа да реализираат во напад, и Кашпарек во последниот напад на репрезентацијата на Чешка успеа да го изедначи резултатот. Конечни 24:24.

За репрезентацијата на Македонија најефикасен ракометар беше Филип Талески со 5 погодоци, а Кирил Лазаров и Гоце Георгиевски постигнаа по 4. Никола Митревски успеа да запише 11 одбрани. За репрезентацијата на Чешка Матеј Клима и Јакуб Хртска постигнаа по 5 погодоци, а Томас Мрква запиша 18 одбрани.

Реванш натпреварот за пласман на 2023 Men’s World Championship е закажан за недела (17.04.2022) во 19:00 часот во СЦ “Борис Трајковски”.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на