Младинците со две победи и еден пораз го обележаа настапот на турнирот во Романија

Младинците со две победи и еден пораз го обележаа настапот на турнирот во Романија

Младинската машка селекција во период од 15-17.12.2023 имаше настап на силниот Carpaty Trophy во Романија. Покрај нашата младинска селекција на турнирот учествуваа и младинските селекции на Саудиска Арабија , Словачка и Романија.

Нашата младинска селекција турниор го отвори против младинците на Саудиска Арабија и славеа убедливо 37:29.

На вториот натпревар против селекцијата на Словачка, нашите надежи се радуваа на уште една убедлива победа, крајниот резултат на семафорот беше 33:23.

Во последниот натпревар од турнирот нашата младинска селекција беше поразена од домаќинот на турнирот, конечен резултат на натпреварот беше 36:32.

Настапот на турнирот е дел од подготовките за настап на Европското првенство.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Сезона 2025/2026

ПРВОТО полагање за Лиценца и за Категорија ке биде одржано на: -14.06.2025 (сабота) во Општина БИТОЛА во 12:00 h. -15.06.2025 (недела) во просториите