Младинците ги почнуваат подготовките за СП во Алжир

Младинците ги почнуваат подготовките за СП во Алжир

Селекторот на Машката младинска репрезентација на Македонија (до 21 година), Иле Темелковски, повика 16 ракометари на првиот собир од подготовките за Светското младинско првенство што во втората половина на јули ќе се игра во Алжир.

Собирот ќе се одржи на 10 јуни (сабота) со почеток од 10:00 часот во салата „Македонско Сонце“ во Скопје.

Поради настапот на Сениорската машка репрезентација во Квалификациите за ЕП 2018, неколкумина првотимци од младинската селекција не се наоѓаат на списокот, но Темелковски во оваа прва фаза ќе работи со сите останати ракометари, додека членовите на Сениорската селекција ќе се приклучат директно во втората фаза од подготовките што ќе се одвива во Маврово.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ ЗА ПРВ СОБИР НА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА:
Никола Даниловски, Димитар Димитриоски, Давор Палевски, Мице Шилегов, Томислав Јагуриновски, Филип Арсеновски, Милан Лазаревски, Дејан Кукуловски, Горан Крстевски, Марио Танкоски, Стефан Трпчевски, Дарио Петровски, Михаил Аларов, Иван Џонов, Мартин Серафимов, Марко Кизиќ.

Младинската машка репрезентација на Македонија, на СП во Алжир што ќе се игра од 18 до 30 јули 2017 година, ќе настапи во групата Ц каде ќе се сретне со Шпанија, Тунис, Бразил, Русија и Брукина Фасо.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објавува поширокиот список на ракометари за претстојните натпревари во рамки на Men’s EHF EURO 2024 Qualifiers

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, г-дин Кирил Лазаров го објавува поширокиот список

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве информираме дека г-дин Славе Николов поради зголемен ангажман како