Младинската женска репрезентација со пораз од Данска во вториот натпревар на WOMEN’S 19 EHF EURO 2023

Младинската женска репрезентација со пораз од Данска во вториот натпревар на WOMEN’S 19 EHF EURO 2023

Младинската женска репрезентација го запиша и вториот пораз на WOMEN’S 19 EHF EURO 2023 од репрезентацијата на Данска која е вицешампион на Мундијалот кој се оддржа во Скопје.

Ракометарките на Македонија први поведоа на натпреварот преку Нестороска Нена со погодок во првата минута, за потоа ракометарките на Данска преку Марие Вестергард да поведат со 1:2. Резултатската неизвесност траеше до 12 -тата минута од натпреварот а резултат беше 5:5, веднаш потоа ракометарките на Данска направиа серија од 4:0 преку нивниот најдобар играч Џули Скаљоне и Ане Јохансен. Следеа неколку неуспешни напади на нашата репрезентација, а ракометарките на Данска ја користеа нашата неефикасност. На полувреме се замина со резултат 13:18.

Во второто полувреме ракомеатрките на Данска со одлична игра во нападот и одбраната своето водство го зголемуваше. Долго време резулатот, односно негативата беше едноцифрена се движеше од 5 до 6 погодоци разлика, но во финишот одново направиме неколку грешки во нападот и конечно средбата заврши со резултат 27:39 за репрезентацијата на Данска.

Најефикасна ракометарка на натпреварот беше Џули Скаљоне која постигна 11 погодици, следеше уште една ракометарка на Данска Ане Јохансен која постигна 8 погодоци, додека за репрезентацијата на Македонија најрасположена беше Ива Младеновска која постигна 7 погодоци, а Стефаноска Сара постигна 6 погодоци.

За ракометарките на Македонија останува да одиграат уште еден натпревар во преелиминационата фаза против селекцијата на Чешка на 09.07 во 14:30 часот.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Ве известуваме дека на 04.09.2024 (среда) со почеток во 19.00