Младинската женска репрезентација со победа го заврши настапот на WOMEN’S 19 EHF EURO

Младинската женска репрезентација со победа го заврши настапот на WOMEN’S 19 EHF EURO

Младинската женска репрезентација на Македонија со победа против репрезентацијата на Хрватска го заврши настапот на WOMEN’S 19 EHF EURO 2023, и се пласираше на 15-тата позиција на првенството.

Цврстата игра во одбараната и успешната реализација во нападот во текот на целиот натпревар овозможија победа за нашата младинска женска репрезентација. Уште на самиот старот на натпреварот, односно по четири минути игра Македонија имаше предност од три погодоци, ерзултатот беше 4:1. До крајот на првото полувреме ракометарките на Македонија преку расположената Емилијана Ризоска ја зголемуваше предноста и резултатот на полувреме беше 18:08 со корист на Македонија.

Во второто полувреме ракометарките на Хрватска успеваа постојано да го намалуваат нашето водство, преку нивните најефикасни и најрасположени ракометарки Зрилич Ива и Гаврилович Ника, а најблиску до позитивен резултат беа во 55-тата минута кога негативата изнесуваше само три погодоци 27:24. До крај на натпреварот нашата репрезентација со погодоците на Ризоска и Стефаноска ја обезбеди победата.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Бидете информирани дека по барање на ракометните клубови учесници