Младинките во силна група со Норвешка, Русија и Хрватска на ЕП во Словенија

Младинките во силна група со Норвешка, Русија и Хрватска на ЕП во Словенија

Младинската женска репрезентација на Македонија (до 19 години) ги доби противниците од групната фаза на Европското Првенство што од 27 јули до 6 август ќе се игра во Целје, Словенија.

Жребката сакаше избраничките на селекторот Борче Марковски да се најдат во групата Б заедно со актуелниот освојувач на сребрениот медал – Русија, како и силните селекции на Хрватска и Норвешка. Групната фаза Македонија ќе ја почне со натпревар против Хрватска, во вториот натпреварувачки ден ќе се сретне со Русија, додека во последниот меч од групата ќе игра против Норвешка. Најдобропласираните две селекции од групата продолжуваат во борба за медали, додека трето и четвртопласираните ќе се натпреваруваат за пласман од 9-тата до 16-тата позиција.

Оваа генерација на ракометарки пред две години настапи на ЕП што се играше во Скопје завршувајќи на 16-та позиција, а до пласман на ЕП во Словенија стигна по освојувањето на второто место на квалификацискиот турнир на кој настапуваа уште селекциите на Унгарија, Фарски Острови и Молдавија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Врска поведената постапка кон Делегатот-Контролор г-дин Марјан Начевски, по насока на Европскиот Арбитражен