Минимален пораз од Полска. Фокусот насочен кон решавачкиот меч со Србија

Минимален пораз од Полска. Фокусот насочен кон решавачкиот меч со Србија

Машката ракометна репрезентација на Македонија синоќа во максимално борбен, интересен и до крај неизвесен натпревар доживеа минимален пораз од домаќинот Полска (24-23) во преполната „Таурон“ Арена. Мислите се веќе насочени кон Србија, за решавачкиот меч во вторник.

Пред 15.000 домашни навивачи во Краков, нашите репрезентативци играа одлично прво полувреме. Стабилно во напад и цврсто во одбрана, избраниците на Ивица Обрван водеа постојано во текот на тие 30 минути, на моменти и со највисоки 4 гола разлика.

На пауза за полувреме се замина со 13-11 за Македонија, но Полска рано во второто полувреме со серија голови најпрво го изедначи резултатот, а потоа и го превзема водството. Во тврд натпревар во кој преовладуваа одбраните на двете страни, Полска на помалку од 3 минути до крај стигна до највисока предност од 24-20. Нашите ракометари покажаа срце и карактер во завршницата и со агилна одбрана и три брзи гола, намалија на 24-23 со посед во последните 20-тина секунди, но недостасуваше реализација во последниот напад и домаќинот стигна до минимална победа.

Кирил Лазаров со 8 голови повторно беше прв стрелец во нашиот тим. Филип Миркуловски додаде 5 голови, Немања Прибак беше реализатор на 3, Гоце Георгиевски и Влатко Митков постигнаа по 2 голови, а по еднаш прецизни беа Дејан Манасков, Стојанче Стоилов и Филип Лазаров. Нов одличен меч на голот на нашата репрезентација имаше Борко Ристовски со 11 одбранети шутеви на противникот.

По поразот од домаќинот, нашата репрезентација и натаму останува во игра за пласман во наредната фаза од ЕП, а за тоа потребна ќе биде победа или нерешен резултат во последниот натпревар од групата против Србија во вторник. На втората средба од нашата група синоќа, Франција убедливо ја совлада Србија со 36-26.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани, Женската сениорска национална селекција , во рамки на квалификацискиот циклус Women’s EHF EURO 2024