Металург го освои Купот на Македонија

Металург го освои Купот на Македонија

Вечерва во салата Куманово се одигра еуфоричен, неизвесен и сензационален натпревар помеѓу бранителот на титулата Рк Вардар и Рк Металург.

Екипата на Металург го освои својот шести трофеј во Куп на Македонија, а со тоа ја прекина серијата на РК Вардар кој пет години по ред го освојува овој Куп.

Првото полувреме започна одлично за Вардар кој само после пет минути игра имаше позитива од пет голови, во ист ритам играше Вардар до крај на полувремето и си замина со предност од четири погодоци 16-12.

Второто полувреме започна со подобра игра во одбраната на Металург и полека ја намали предноста на Вардар. Во вториот дел Металуг имаше и водство од три погодоци, но сепак на крај не успеа да ја задржи предноста и натпреварот заврши нерешено 29-29.

Поуспешна екипа во пенал рулетот беше екипата на Металург (4-3), голманот на Дупјачанец ги одбрани првите два пенала на Вардар, кој на крајот се покажаа како клучни во пенал рулетот (записник од натпреварот).

Александар Шпенде со 9 голови беше најдобар стрелец во победничкиот тим, Токиќ Анте додаде 7 погодоци. Во тимот на Вардар, Чупиќ Иван беше најефикасен со 7 голови, додека Поповски Мартин постигна 4 погодоци.

По завршувањето на натпреварот, доделени беа и индивидуалните признанија. Даниел Дупјачанец од Металург го доби признанието за најдобар голман, а Александар Шпенде и Томислав Јагуриновски од Металург со вкупно по 14 постигнати голови во двата натпревари беа најдобари стрелеци. За најкорисен играч на турнирот (МВП) избран беше Марио Танкоски од Металург.

За Металург ова беше шести трофеј во Куп на Македонија.

Metalurg2

(Фото: Филип Вирановски, Gol.mk)

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести