Македонските ракометни репрезентации во опрема Хумел во наредните две години

Македонските ракометни репрезентации во опрема Хумел во наредните две години

Ракометната Федерација на Македонија постигна договор со светски-познатиот производител на спортска опрема Хумел (Hummel), според кој сите македонски ракометни репрезентации ќе настапуваат во опрема на Хумел во наредните две години.

Реномираниот производител на спортска опрема ќе ги опслужува нашите најдобри ракометари и ракометарки како во сениорска, така и во младинска конкуренција на сите официјални натпреварувања, а првиот настап во новите дресови од нашите репрезентации ќе го има Женската сениорска репрезентација, која веќе викендов ќе настапи на Квалификациите за Светското Првенство 2017 година. На почетокот на јануари 2017 година, за прв пат во новите дресови ќе настапи и Машката сениорска репрезентација, на Светското Првенство во Франција.

Данскиот спортски бренд Хумел е партнер на повеќе еминентни ракометни екипи ширум Европа и светот, меѓу кои и најдобрите тимови од Данска, Германија, Норвешка, Франција, Хрватска, Шпанија, како и со македонскиот првак Вардар. За квалитетот на опремата говори и широката соработка на Хумел со повеќе национални федерации пред се на „Стариот континент“. Заштитно лице на Хумел веќе повеќе години е капитенот на Македонската ракометна репрезентација и член на РК Барселона – Кирил Лазаров.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на