Љубомир Савевски го објавува список на повикани ракометарки за собир за настап на претстојното Светско првенство

Љубомир Савевски го објавува список на повикани ракометарки за собир за настап на претстојното Светско првенство

Селекторот на женската кадетска ракометна репрезентација, г-дин Љубомир Савевски го објавува список на повикани ракометарки за собир за настап на претстојното Светско ракометно кадетско женско првенство за девојчиња до 18 години 2022.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ ЗА СОБИР

Македонија е домаќин на Светско првенство за ракометарки до 18 години што стартува на 30 јули, а ќе трае до 10 август.

Натпреварите ќе се играат во три сали во Скопје и во СЦ „Борис Трајковски” и двете сали во СЦ „Јане Сандански”, влез – слободен.

На турнирот ќе учестуваат 32 репрезентации, а Македонија ќе игра во групата Б, противници ќе ни бидат Иран, Сенегал и Узбекистан.

Распоред и термини на натпревари:

30.07 – Македонија – Сенегал – 20:30 ч. СЦ „Борис Трајковски”

31.07 – Македонија – Узбекистан – 20:30 ч. СЦ „Борис Трајковски”

02.08 – Македонија – Иран – 20:30 ч. СЦ „Борис Трајковски”

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести