Кадетската машка селекција денес во Рига, Летонија го одигра првиот натпревар од MEN’S 18 EHF CHAMPIONSHIP2 2022 против селекцијата на Турција и запиша убедлива победа.
Воведните десетина минути од натпреварот се играше израмнето, со повеќе нереализирани шутеви од двете страни. Како се развиваше мечот, Македонија ја преземаше контролата и поведе со 09:05 по петнаесетина минути игра. Водството на македонскиот тим не беше загорзено до крајот на првиот дел. Резултатот на полувреме беше 10:05 за Македонија.
Второто полувреме рутински одиграно од страна на ракометарите на Македонија. Резултатот по одиграни 60 минути игра на семафорот беше 34:19 за Македонија.