Кадетите против Чешка за пламан на 9-то место на 2023 IHF Men’s Youth World Championship

Кадетите против Чешка за пламан на 9-то место на 2023 IHF Men’s Youth World Championship

Кадетската машка репрезентација денес со почеток во 20:00 часот ќе го оддигра последниот натпревар на Мундијалот во Хрватска, противник на нашата репрезентација е Чешка.

Натпреварот што ќе се оддигра во Копривица во Хрватска е за пласман на 9-тото место на 2023 IHF Men’s Youth World Championship.

Кадетите во доста неизвесен натпревар со чести промени на водствата успеаа да слават против Унгарија и да закажат натпревар со Чешка за 9-тото место на Мундијалот.

Кадетите први го отворија резулататот и поведоа со 0:1 преку Самоил Ристевски, но ракометарите на Унгарија успеаа веднаш да изедначат а потоа и да имаат водство од 3:2. Нашата репрезентација го врати водството преку Стојановски Андреј и Калајџиевски Мирче, кое воедно беше и последно во првиот дел. Ракометарите на Унгарија го имаа и најголемото водство во првото полувреме кое изнесуваше три погодоци во дваесет и првата минута, но сепак нашата репрезентација преку расположените Калајџиевски, Стојановски и Шулевски успеа да го изедначи резутатот и на полувреме да биде нерешено 12:12.

Второто полувреме започна со погодокот на Стојановски Андреј и водство кое нашите ракометари го имаа до крајот на натпреварот. Нашата репрезетнација во четириесет и деветатта минута го имаше и најголемото водство од четири погодоци 17:21. Ракометарите на Унгарија не се предадоа по големата негатива и успеаа во педесет и шестата минута да стигнат и до еден гол негатива. И покрај напорите да го изедначат резултат не успеаа бидејќи сите нивни обиди беа спречени од Галевски Иван голманот на нашата репрезентација кој на крајот запиша единааесет интервенции. Погодокот за победа го постигна Калајџиевски Мирче во последната минута од натпреварот.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести