Извлечени паровите од Куп натпреварувањето, елиминациона фаза во машка конкуренција и групна фаза во женска конкуренција

Извлечени паровите од Куп натпреварувањето, елиминациона фаза во машка конкуренција и групна фаза во женска конкуренција

Денес во просториите на РФМ се одржа извлекување на елиминационите парови во машка конкуренција и групите во женска конкуренција.

Во Куп натпреварувањето учествуваат вкупно 31 екипи: 12 екипи од Супер Машка Лига и 19 екипи од Прва Машка Лига. Екипата на РК Варадар 1961 како победник на купот 2020/2021 ќе биде слободна во елиминационото коло и ќе се вклучи во натпреварувањето во групна фаза и ќе биде сместена во 1-виот шешир.

Куп мажи – елиминации (парови):

РК Вардар 1961 – слободен

ГРК Борец – ГРК Тиквеш 2014

РК Работнички – РК Драчево

РК Пролет 62 – РК Кичево 2020

ГРК Охрид – РК Преспа 2015

РК Алкалоид – РК Радовиш

РК Скопје 2020 – РК Текстилец

РК Металург – РК Јехона

РК Аеродром – РК Младост 1977

РК Јуниор К.В – МРК Куманово

РК Македонија Ѓ.П – РК Струга

РК Бутел Скопје – РК Вардар Неготино

РК Астраион Хендбол – РК Прилеп

Голден Арт – РК Партизан 2016 Спорт

РК Шампион – РК Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер 2 – РК Метарлург РА

Натпреварите ќе се играат на 13/14.11.2021.

Екипите победници во елиминационите натпревари ќе бидат поделени во 4 сада за ждребање во 1/16 финале (групната фаза) според листата во Пропозициите за КУП натпреварувањето за 2021/2022 година која е направена според пласманот на екипите на полусезона за 2021/2022 година.

Во Купот во Женска конкуренција ќе се натпреваруваат 15 екипи.

Екипите ќе бидат поделени во 4 (четири) групи А, Б, В и Г. Групите А, Б и В ќе имаат по 4 (четири) екипи, а групата Г ќе има 3 (три) екипи. Групите се формираат со жребање на екипите од секој сад по една екипа во група.

Во групите А,Б, и В ќе се играат два полуфинални натпревари по систем 1/4 и 2/3 (Бергер), победниците од полуфиналните натпревари ќе играат во финале а во група Г ќе се игра еден полуфинален натпревар помеќу екипите кој ќе бидат извлечени со реден број 2 и 3 а број 1 ќе биде слободен и ќе игра финален натпревар со екипата победник од полуфиналниот натпревар. Победниците од финалните натпревари ќе играат на Ф-4.

Куп жени – групна фаза:

Група А:

  1. ЖРК Вардар
  2. Ѓорче Петров ЖРК
  3. РК Кузман Вардар Илинден
  4. ЖРК Стружанка

Натпревари група А:

ЖРК Вардар – ЖРК Стружанка

Ѓорче Петров ЖРК – РК Кузман Вардар Илинден

Група Б:

  1. РК Феникс АМС
  2. ЖРК Овче Поле СУ
  3. ЖРК Чаир
  4. РК Спартак

Натпревари група Б:

РК Феникс АМС – РК Спартак

РК Овче Поле СУ – ЖРК Чаир

Група В:

  1. ЖРК Металург
  2. ЖРК Шампион
  3. ЖРК Гевгелија
  4. ЖРК Астибо

Натпревари група В:

ЖРК Металург – ЖРК Астибо

ЖРК Шампион – ЖРК Гевгелија

Група Г:

  1. ЖРК Деспина
  2. ЖРК Пелистер 2012
  3. ЖРК Куманово

Натпревари група Г:

ЖРК Деспина – слободна

ЖРК Пелистер 2012 – ЖРК Куманово

Наптреварите ќе се играат на 19/20.03.2022 година.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Бидете информирани дека по барање на ракометните клубови учесници