Известување за собир на Женска младинска репрезентација

Известување за собир на Женска младинска репрезентација

Женската младинска репрезентација на Македонија (до 19 години) по првиот собир кој го одработи минатиот викенд во Скопје, во сабота и недела (04 и 05 март 2017) ги продолжува подготовките за настап на Квалификациите за ЕП 2017.

Собирот во сабота (04 март 2017) ќе се одржи во СРЦ Кале во Скопје со почеток од 10:00 часот, а ВД селекторот на репрезентацијата, Борче Марковски, ги повика следните ракометарки:

ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ ЗА СОБИР НА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Амра Иљаз, Јована Мицевска, Слободанка Кицевска, Пена Граматова, Анастасија Николовска, Анастасија Спировска, Марија Гајиќ, Васка Глигоријадис, Ана Станикевска, Мери Арсениевска, Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Сашка Филиповска, Сара Стефановска, Ана Иванова, Марија Гугуљанова, Моника Георгиевска, Милица Николиќ, Михаела Камческа, Јована Владева, Ања Велкова.

Квалификацискиот турнир за пласман на ЕП 2017 во Словенија ќе се одржи во Скопје во периодот од 17 до 19 март 2017 година, а натпреварите ќе се играат во СРЦ Кале. Македонија се наоѓа во група со Унгарија, Молдавија и Фарски Острови. Двете најдобропласирани репрезентации од групата ќе се пласираат на Континенталниот собир во Словенија што ќе се игра во периодот од 26 јули до 6 август 2017 година.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести