Ракометната Федерација на Македонија на ден 03.01.2019 (четврток), официјално ќе го промовира новиот дрес под мотото “Со нов дрес до нови победи”. Машката сениорска репрезентација со новиот дрес ќе настапи на СП 2019 во Герминија и Данска.
Свеченото промовирање на новиот дрес ќе се одржи во продавницата на „Д-спортска опрема“ – Ул. „1732“ бр. 2 Скопје 1000 Македонија, во склоп на спортската арена “Филип Втори” со почеток во 14:00 часот.
Ракометната Федерација Ве поканува на промоција на нов дрес на сениорската репрезентација.