Известување за акредитирање на медиуми за натпреварот Македонија – Исланд

Известување за акредитирање на медиуми за натпреварот Македонија – Исланд

Почитувани претставници на медиумите,

Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за акредитации за претстојниот квалификациски натпревар на машката сениорска ракометна репрезентација со селекцијата на Исланд,  за обезбедување пласман на ЕП 2020кој ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски “ во Скопје на ден 14.04.2019 година со почеток од 20:00  часот, можете да ги испраќате на следнава електронска адреса:

 agjorgjevikj@macedoniahandball.com.mk

Рокот за аплицирање е до 10.04.2019 (среда), заклучно со 16:00 часот, додека подигнувањето на акредитациите ќе се одвива во просториите на Ракометната Федерација на Македонија на 11ти и 12ти Април 2019 (четврток и петок) најдоцна до 12:00 часот.

Напомена: Апликациите испратени по истекот на овој рок нема да бидат земени предвид.

Однапред Ви благодариме.

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024