Денес во салата “Христо Батанџиев” ракометарките на Ѓорче Петров ЖРК со победата против ЖРК Металург со резултат 25:19 во последниот натпревар од Плеј Оф во женска конкуренција во Супер Лига за сезоната 2021/2022, ја освоија титулата во домашното првенство.
Ракометарките на Ѓорче Петров ЖРК во првиот дел од сезоната беа дел од групата Б каде што завршија на 3-тата позиција на табелата позади ЖРК Вардар и ЖРК Металург. Во Плеј Оф групата пренесоа 2 бода, а со севкупен биланс од десет победи, еден пораз и еден нерешен резултат во Плеј Оф успеаа да слават титула во домашното првенство.