Синоќа на церемонијата во Драмскиот театар во Скопје се одржа свеченото доделување на признанија и награди за најдобрите спортисти во 2017 година, во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија.
Ракометот беше доминантен во изборот, победувајќи во дури шест категории. Стојанче Стоилов беше избран за најдобар спортист во годината која изминува, Младинската машка и кадетската женска репрезентација ги добија признанијата за најдобар тим/репрезентација. Ракометната Федерација беше избрана за најуспешна национална федерација, а селекторот на нашата сениорска машка репрезентација, Раул Гонзалез, беше избран за најдобар тренер во 2017 година. Специјално признание му беше доделено и на капитенот на сениорите, Кирил Лазаров, за спортист со посебни заслуги за македонскиот спорт.
Најдобри за 2017 година:
Најдобар спортист: Стојанче Стоилов (Македонија/РК Вардар)
Најдобар селектор/тренер: Раул Гонзалез (Македонија/РК Вардар)
Најдобра машка репрезентација: Младинска машка ракометна репрезентација (У21)
Најдобра женска репрезентација: Кадетска женска ракометна репрезентација (У17)
Најуспешна национална спортска федерација: Ракометна Федерација на Македонија
Посебни заслуги за македонскиот спорт: Кирил Лазаров (Македонија/РК Нант)