Денеска ќе бидат извлечени групите за Светското Првенство 2019

Денеска ќе бидат извлечени групите за Светското Првенство 2019

Попладнево со почеток од 12:30 часот во Копенхаген, ќе се одржи извлекувањето на групите за претстојното Светско Првенство во сениорска машка конкуренција, што во јануари 2019 ќе се игра во Данска и Германија.

Македонија по победата во бараж-двомечот со селекцијата на Романија, го обезбеди своето шесто учество на Мундијалите и четврто по ред, а во пресрет на извлекувањето нашата селекција е сместена во третиот шешир, заедно со домаќинот Германија и селекциите на Катар и Австрија. Според системот на натпреварување, извлечени ќе бидат четири групи со по шест репрезентации, од кои најдобропласираните три селекции, продолжуваат во втората фаза.

1 Шешир: Франција, Шпанија, Шведска, Данска
2 Шешир: Хрватска, Русија, Норвешка, Унгарија
3 Шешир: Катар, Германија, Австрија, Македонија
4 Шешир: Србија, Тунис, Исланд, Аргентина
5 Шешир: Бразил, Египет, Бахреин, Чиле
6 Шешир: Кореја, Саудиска Арабија, Ангола, Јапонија

Извлекувањето за СП 2019 ќе може да се проследи во живо на следниот линк.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести