Сениорската машка селекција со победа го започна квалификацискиот циклус за пласман на MEN’S EHF EURO 2026 (DEN/SWE/NOR).
Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ нашите најдобри ракометари ја совладаа селекцијата на Естонија, а конечен резултат на средбата беше 37:33.
Ракометарите на Македонија добро го започнаа натпреварот и имаа водство од три погодоци (4:1) потоа и (6:3), а Филип Кузмановски постигна пет погодоци. Ракометарите на Македонија не успеаа да направат посериозна резултатска предност и во 28-та минута ракомеарите на Естонија успеаа да го изедначат резултатот на 19:19. Наполувреме екипите заминаа со нерешен резултат 20:20.
Второто полувреме припадна на гостинската екипа која имаше два погодока предност и како најзаслужен беше нивниот голман Армис Прискус кој имаше четири интервенции. Резултатот на семафорот по десет минути игра беше 24:26 за Естонија. Следеше тајм-аут за селекторот Кирил Лазаров и ракометарите на Македонија успеаа потполно да се вратат во игра преку расположените Серафимов и Џонов и голманот Кизиќ. Во 50-тата минута го запишавме и најголемото резултатско водство од пет погодоци 34:29 а стрелец беше Велковски Мартин. До крајот на натпреварот ракометарите на Естонија се обидуваа да направат резултатски пресврт но не успеаа и натпреварот заврши 37:34 за ракометарите на Македонија.
Следен противник на нашите ракометари е репрезентацијата на Литванија во Вилнус, а натпреварот е предвиден да се оддигра на 10.11 во 17:00 часот.