Сениорската машка репрезентација на Македонија вечерва во „Мерцедес Бенц Арена“ во Берлин го оддигра последниот натпревар на Европското Првенство кое се оддржува во Германија, а за противник ја имаше селекцијата на Швајцарија.
Воведните десетина минути од натпреварот се играше израмнето, со повеќе нереализирани шутеви од двете страни. Како се развиваше мечот, избраниците на Кирил Лазаров ја превземаа контролата на натпреварот и дваесет минути играа поведоа со 10:05, но потоа ракометарите на Швајцарија успеаа да влезат во ритам и со брзи погодоци резултатски да се вратат во игра (10:08). Веднаш селекторот на Македонија Кирил Лазаров побара тајм аут, а по него следеа неколку реализирани напади на нашата селекција преку Пешевски и Јагуриновски. На полувреме резултат беше 13:09.
Второто полвреме започна со нереализиран напад на ракометарите на Швајцарија односно нашиот голман Мартин Томовски ја запиша деветата а веднаш потоа и десетата одбрана на натпреварот. Ракометарите на Македонија по неколку минути игра во вториот дел ја запишаа и најголемата предност 16:11 , па 17:12 а погодоците ги постигнуваа Пешевски , Талески и Марко Митев.
Следеше период од натпреварот во кој ракометарите на Швајцарија влегоа во свој елемент и преку нивниот најдобар ракометар и воедно МВП на натпреварот Анди Шмит да го намалат водството а во педесетатата минута од натпреварот и да изедначат на 23:23. Водството на Швајцарија го спречи Марко Кизич кој одрабни пенал. Потоа следеа неколку нереализирани напади на нашата селекција, а сето тоа го искористи Шмит кој донесе водство на Швајцарија 24:25. Следеше период каде се играш гол за гол, и при водство на нашата селекција од 28:27 напад за изедначување не искористија ракометарите на Швајцарија и преку Марко Митев стави печат на натпреварот.
За нашата селекција најефикасни ракометари беа Митев и Костески со по пет погодоци, додека Мартин Томовски запиша дванаесет одбрани.