Кадетите се пласираа на EHF EURO M18 во Црна Гора

Кадетите се пласираа на EHF EURO M18 во Црна Гора

Кадетската машка репрезентација на Македонија успешно ја помина квалификациската група и се пласираше на Европско Првенство што летово ќе се оддржи во Црна Гора.

Македонската кадетска репрезентација во квалификациската група се соочи со кадетските репрезентации на Словачка , Швајцарија и Косово, и групата ја заврши со биланс од две победи и еден пораз.

Квалификациската група се оддржа во Скопје во СС Автокоманда, а нашата селеција предводена од Наум Танески во првиот натпревар од квалификациите запиша значајна победа против кадетската селекција на Словачка. Конечниот резултат од овој натпревар беше 27:26, а најефикасен беше Јован Петрески со постигнати осум погодоци, а четири постигна Самоил Ристевски.

Во вториот натпревар од квалификациите го запишавме и единствениот пораз од селецијата на Швајцарија. Во текот на целиот натпревар селекцијата на Швајцарија имаше водство кое во еден момент од натпреварот изнесуваше и осум погодоци 21:13, сепак нашата кадетска репрезентација во ниеден момент од натпреварот не се предаде и на крајот загуби минимално 27:26. Најефикасен за нашата селекција беше Дамјан Митев со постигнати шест погодоци, следеше Самоил Ристевски со пет погодоци.

Во последниот квалификациски натпревар нашата кадетска селекција за противник ја имаше репрезентацијата на Косово. Селекцијата на Косово беше достоен противник се до средината на првото полувреме , а резултатот беше 7:7. Следеше серија од 3:0 за Македонија и предност која успеаа да ја задржат во првото полувреме. Во второто полувреме ракометарите на Македонија ја зголемуваа предност и на крај запишаа победа и пласман на Европско Првенство. Конечниот резултат гласеше 33:24, а најефикасен беше Теодор Пецаковски со осум постигнати погодоци.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024