ПОКАНА ЗА ПРЕС НАСТАН

Почитувани љубители на ракометот, спортски работници и претставници на медиумите,

После точно 5 години и 8 месеци работење на темата ЕХФ ЕУРО 2022 во сениорска женска конкуренција, горди сме што Скопје ќе биде центар на сениорски ракометен спектакл со предзнак – ЕВРОПСКИ.

Со особена чест и задоволство ве покануваме на пригоден настан во пресрет на женското сениорско Европско првенство 2022, со цел заеднички да го одбележиме почетокот на шампионатот и да им посакаме среќа на нашите ракометарки.

Прес-центар на СЦ „Борис Трајковски“

04.11.2022 (петок)

11:30ч.

Во склоп на настанот е предвидена и кратка медиа-тура во рамки на спортската арена, каде е комплетирана целокупната спортска и наменска инфраструктура по највисоките ЕХФ стандарди.

Со почит,

Ракометна федерација на Македонија

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024