Кадетките со втора победа на 2022 IHF Women’s Youth World Championship

Кадетките со втора победа на 2022 IHF Women’s Youth World Championship

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски” кадетската селекција на Македонија беше поуспешна од селекцијата на Узбекистан со резултат 39:30.

Уште на стартот на натпреварот ракометарките на Узбекистан успеаа да наметнат свој начин на игра и ги казнуваат сите грешки на противничките ракометарки. Ракометарките на Узбекистан го имаа и најголемото водство 2:7 а потоа и 3:8. Следеше серија на Македонија преку Борјана Коцева и Емилијана Ризоска за намалување на негативата на два погодока 7:9. Првото изедначување на натпреварот беше во 23-тата минута, а резултатот беше 13:13, а потоа преку погодоците на Ризоска и Јанкуловска дојдовме до позитивен резултат и на полувремето резултатот гласеше 20:19.

Ракометарките на Македонија во второто полувреме постојано имааа контрола врз резултатот, водството на македонскиот тим не беше загорзено до крајот на натпреварот. Конечен резултат на натпреварот 39:30.

Бојана Коцева со девет погодоци беше најефикасна за нашата селекција, потоа Емилијана Ризоска постигна осум погодоци која беше прогласена и за МВП на натпреварот, а Марија Јанкуловска постигна шест погодоци. За селекцијата на Узбекистан најефикасна беше Еркабаева со девет погодоци.

На 02.08.2022 во 20:30 часот кадетките го играат третиот натпревар на 2022 IHF Women’s Youth World Championship против селекцијата на Иран.

Натпреварот ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски”, влез слободен.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести