РК Вардар 1961 е освојувач на Купот на Македонија во машка конкуренција

РК Вардар 1961 е освојувач на Купот на Македонија во машка конкуренција

Вечерва во спортската салата “Јасмин” во Кавадарци се одигра еуфоричен, неизвесен и сензационален финален натпревар помеѓу РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер.

Првото полувреме започна одлично за ракометарите на РК Вардар 1961 кои одржуваа благо водство кое најмногу изнесуваше четири погодоци во 16-тата минута од натпреварот (08:04). Потоа следеше пад на играта на ракометарите на РК Вардар 1961, односно имаа неколку нереализирани напади и технички грешки кои противниците ги користеа. Ракометарите на РК Еурофарм Пелистер успеаа да направат целосен пресврт и со серија од 0:8 на полувреме да заминат со четири погодоци позитива 08:12.

Ракометарите на двата тима играа изедначен натпревар во вториот дел, играа егал натпревар а ракометарите на РК Еурофарм Пелистер во 35-тата и 45-тата минута имаа и најголемо водство од пет погодоци (10:15. 13:18). Во втората половина од второто полувреме ракометарите на РК Вардар 1961 започнаа со подобра игра во одбрана и посигурен напад и полека ја намалуваа предноста на противникот. На пет минути до крајот на натпреварот предноста на РК Еурофарм Пелистер ја сведоа само на гол разлика. во последните минути од натпреварот и двата тима по некој неискористен напад, а екипата на РК Еурофарм Пелистер не успеаа да ја задржат предноста и натпреварот заврши 23-22 (записник) за РК Вардар 1961.

Доделени беа и индивидуалните признанија:
Најкорисен играч (МВП): ФИЛИП ТАЛЕСКИ (РК ВАРДАР 1961)
Најдобар стрелец: ФИЛИП ТАЛЕСКИ (РК ВАРДАР 1961)
Најдобар голман: МАРТИН ТОМОВСКИ (РК ВАРДАР 1961)

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024