Викендов во салата „Автокоманда“ во Скопје се одржа Фајнл Фор турнирот во Куп на Македонија во машка конкуренција. Во финалната средба, РК Вардар 1961 го совлада РК Еурофарм Пелистер со 26-24 и се закити со златниот медал.
На натпреварот што се одигра во спортската сала “Автокоманда”, Вардар водеше во текот на сите 60 минути и славеше победа. Натпреварот започна со жестока и цврста игра од двете екипи, но потоа Вардар најпрво се одлепи на 10:04, за на полувреме да замине со водство од 16-10. Во ист стил се играше и второто полувреме, разликата постојано се движеше од 3 до 5 голови за екипата на Вардар, за во последните 5 минути од натпреварот да се влезе во неизвесна завршница, Еурофарм успеа на двапати да стигне до гол негатива 24:23 и 25:24, но на крај се радуваше тимот на Вардар со конечни 26:24.
На церемонијата што се одржа по завршувањето на финалето, пехарот го додели Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, г-дин Живко Мукаетов. МВП на Ф4 Куп на Македонија беше Иван Чупиќ, а Борко Ристовски беше прогласен за најдобар голман. Прв стрелец на турнирот беше Јосип Периќ од РК Еурофарм Пелистер со 15 голови.