Во спортската сала “Автокоманда” се одиграа полуфиналните натпревари од Куп на Македонија во женска конкуренција. Реприза на последното финале од женскиот Куп на Македонија ќе играат ЖРК Куманово и ЖРК Вардар, откако двете екипи славеа победи на денешните полуфинални средби против ЖРК Металург и ЖРК Чаир.
Првата средба помеѓу ЖРК Металург и ЖРК Куманово донесе особено интересен ракомет, со неколку пресврти и максимално изедначена завршница во првиото полувреме. Првото полувреме од натпревар заврши во корист на ЖРК Куманово со резултат 13:12.
Во второто полувреме ЖРК Куманово започна со посигурна игра во одбраната и го возпостави брз ритам на игра, а како резултат ја имаше својата најголема предност од пет погодоци (19:14). Тимот на ЖРК Металург најмногу што успеа е да се приближи на два гола негатива (21:19). Тимот на ЖРК Куманово знаеше да го задржи водството за конечен триумф од 27-23.
Вториот натпревар се одигра помеѓу ЖРК Вардар и ЖРК Чаир. Првото полувреме беше во знакот на ЖРК Вардар кој беше цело полувреме во водство. Полувремето заврши 15:09 во корист за екипата на ЖРК Вардар. ЖРК Чаир во вториот дел најмногу што успеа е да се приближи на два гола негатива (24:22), но не успеаа да направат резултатски пресврт до крај на натпреварот. Конече резултат на натпреварот 31:27.
Финалето помеѓу ЖРК Куманово и ЖРК Вардар е закажано за 15.05.2021 (сабота) во спортската сала “Автокоманда” во 14:30 часот со директен пренос на МРТ 3 или на YouTube каналот на РФМ (https://www.youtube.com/watch?v=WcFdyemiTfI).