Актуелниот македонски шампион и освојувач на македонскиот Суперкуп, РК Вардар, со победа од 26-24 против ривалот Металург, го одбрани трофејот во Суперкупот на Македонија.
На натпреварот што се одигра во спортската сала во Куманово, Вардар водеше во текот на сите 60 минути и славеше заслужена победа. Металург единствено успеа да изедначи во 10-та минута (3-3), но потоа Вардар најпрво се одлепи на 10-5, за на полувреме да замине со водство од 15-10. Во ист стил се играше и второто полувреме, разликата постојано се движеше од 4 до 6 голови, за на крај тимот на Писионеро да прослави конечен триумф од 26:24.
Најдобар стрелец на средбата беше Сергеј Горбок од Вардар со шест погодоци, потоа Дибиров постигна пет погодоци, додека за Металург најефикасен беше Стефан Додиќ со пет погодоци.
За Вардар ова е трета титула во Супер Куп на Македонија во третиот настап.
Фото: Филип Вирановски (Гол.мк)