Информација за младински шампионати 2019 година во женска конкуренција

 

Денес во канцелариите на ЕХФ во Виена беше направена поделба на групите за младински категории во женска конкуренција (W17) и (W19) кои ќе се одиграат летото 2019 година.

За генерацијата до 17 години Македонија ќе биде учесник на шампионатот во Италија (03-09.08.2019 година), каде ќе учествуваат и Чешка, Полска, Турција, Белорусија, Исланд, Италија, Косово, Израел и Азербејџан.

Додека ЕХФ Шампионатот  за генерацијата до 19 години,  Македонија ќе биде учесник во Литванија (15-21.07.2018 година) заедно со репрезентациите на  Чешка, Литванија, Турција, Македонија, ШвајцаријаФарски Острови, Косово и Грузија.

Ждребката е на ден 07.11.2018 со почеток во 14:30 часот и ќе можете да ја проследите во живо на EHF EURO Facebook и YouTube channel.

 

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email

Останати вести