Вардар го одбрани Супер Куп трофејот

Вардар го одбрани Супер Куп трофејот

Актуелниот македонски шампион и освојувач на македонскиот Суперкуп, РК Вардар, со победа од 26-24 против ривалот Металург, го одбрани трофејот во Суперкупот на Македонија.

На натпреварот што се одигра во спортската сала во Куманово, Вардар водеше во текот на сите 60 минути и славеше заслужена победа. Металург единствено успеа да изедначи во 10-та минута (3-3), но потоа Вардар најпрво се одлепи на 10-5, за на полувреме да замине со водство од 15-10. Во ист стил се играше и второто полувреме, разликата постојано се движеше од 4 до 6 голови, за на крај тимот на Писионеро да прослави конечен триумф од 26:24.

Записник од натпреварот

Најдобар стрелец на средбата беше Сергеј Горбок од Вардар со шест погодоци, потоа Дибиров постигна пет погодоци, додека за Металург најефикасен беше Стефан Додиќ со пет погодоци.

За Вардар ова е трета титула во Супер Куп на Македонија во третиот настап.

Vardar-Metalurg Super Kup
SuperKup SUperKup1 SuperKup2 SuperKup3 SuperKup4

 Фото: Филип Вирановски (Гол.мк)

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Ве известуваме дека на 04.09.2024 (среда) со почеток во 19.00