Викендов во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци се одржа Фајнл Фор турнирот во Куп на Македонија во женска конкуренција. Во финалната средба, ЖРК Металург го совлада Ѓорче Петров – ЖРК со 30-27 на полувреме 16:12 и се закити со златниот медал.
Ѓорче Петров – ЖРК го започна натпреварот со водство од 0:1, кое воедно беше и единственото нивно во текот на целиот натпревар. Следеше серија од 3:0 во корист на ЖРК Металург, а во 17-тата минута го запишавме и првото изедначување на резултатот 7:7, па 8:8. Следеа неколку нереализирани напади на ракоемтарките на Ѓорче Петров ЖРК, а протвничкиот тим тоа го користеше и на полувреме се замина со резултат 16:12.
Ракометарките на ЖРК Металург подобро го започнаа второто полувреме и ја зголемуваа својата предност, за во 40-тата минута од натпреварот да имаат девет погодоци позитива (23:14). Следеше период од натпреварот во кој ракометарките на Ѓорче Петров ЖРК со 2:8 во нивна корист да се вратат во игра, но не успеаа да направат и целосен пресврт. На крај победата ја славеше ЖРК Металург, а резултатот на семафорот беше 30:27 (записник).
Доделени беа и индивидуалните признанија:
Најкорисен играч (МВП): Ива Младеновска (ЖРК Металург)
Најдобар стрелец: Ива Младеновска (ЖРК Металург)
Најдобар голман: Амра Илјаз (ЖРК Металург)