Заврши првенство за паметење!

Заедно со нашите пријатели од Словенија и Црна Гора, дојдовме до крајот на патувањето наречено #ehfeuro2022 исполнето со високо квалитетен ракомет и возбудливи моменти во духот на мотото на турнирот #playwithheart.

Претседателот на ЕХФ, Видерер на церемонијата на затворање на првенството, уште еднаш оддаде признание за напорната работа на трите федерации ко-организатори (MKD/SLO/MNE) и вложените напори во насока на овозможување на успешен настан!

Уште еднаш, би сакале искрено да се заблагодариме на Европската Ракометна Федерација, Претседателот Видерер и извршните членови на ЕХФ за довербата дадена на Ракометната федерација на Македонија за ко-организација на ваков голем спортски настан, можеби најголемиот до сега организиран во нашата држава!

На церемонијата за затворањето, нашиот Претседател, Живко Мукаетов и првиот Потпретседател на ЕХФ, Предраг Бошковиќ ја имаа честа да ги доделат сребрените медали на тимот од Данска.

Во име на РФМ, би сакале да им честитаме на сите 16 земји учеснички на турнирот и да им посакаме уште поголем успех во иднина!

За крај, би сакале да упатиме искрена благодарност до сите инволвирани во овој потфат:

*40те делегати и членови на извршниот одбор на ЕХФ: Атила Хејм беше отсутен за фотографирањето, Мартин Хауслејтнер, Габриела Хорват, Мате Козма, Дору Симон и Божидар Ѓурковиќ – ви благодариме што од близу ги следевте збиднувањата во Скопје!! (пс: извинете доколку ненамерно сме испуштиле некого 🙃)

*Преку 70те волонтери: дечки, одлично сработено;

*Околу 15тина вработени во Федерацијата (не се сите на фотографијата);

*Преку 20 блиски соработници (некои оправдано отсутни)…

ВИСТИНСКИ ДРИМ-ТИМ!! Друштво: ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ!! 🙌🏼🙌🏼A сите наши ракометни пријатели, со нетрпение очекуваме да се видиме на ракометните терени наскоро! До тогаш, остануваме со СПОРТСКИ ПОЗДРАВ!!

A memorable event completed!

Toghether with our Slovenian and Montenegrin handball friends we ended the journey called #ehfeuro2022 filled with highest quality handball and full excitement in the spirit of the tournament motto #PlayWithHeart

At the closing ceremony, EHF President Wiederer once again acknowledged the hard work and the efforts of the three co-organzing federations invested in providing successful tournament!

Once again, we would like to cordially thank the European Handball Federation, President Wiederer and all EHF executive memebers for the trust given to the Macedonian Handball Federation to co-organize such a great tournament, perhaps the greatest organized in our country so far!

At the closing ceremony held last night, our President Zhivko Mukaetov and First Vicepresident of EHF Predrag Boshkovic had the honor to present the silver medals to the team of Denmark.

As Macedonian house of handball, we would sincerely like to congratulate all 16 participating countries on the job well done and wish all teams even greater success in future!

At the end, we would like to express sincere gratitude to all parties engaged in this journey: *40 EHF delegates and executives: Atila Heim we missed you for the photoshoot; Martin Hausleitner, Gabriella Horvath, Маte Kozma, Doru Simon and Bozhidar Gjurkovich – thx for closely monitoring all proceedings in Skopje!! (ps: sorry if we missed someone unintentionally 🙃)

*Over 70 volunteers engaged: guys great job!! *Around 15 RFM employees (not all in the photo);

*Over 20 close collaborators (some absent but excused)…

A real dream team!! GUYS: HUGE THANKS!! 🙌🏼🙌🏼

To all our handball friends, we are looking forward to seeing you on the court soon!

Until then, we send our best sports regards!

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Почитувани медиуми

Македонската репрезентација ќе има media call во вторник, 08.11.2022 во хотелот Александар Палас