Денес се одиграа последните натпревари од младинскиот меѓународен турнир. Со тоа заврши турнирот организиран од Ракоментната Федерација на Македонија.
Постигнати резултати од последното коло:
09:30 часот – Србија – Црна Гора 26:21 (11:10)
11:00 часот – Полска – Македонија Б 21:22 (10:09)
12:30 часот – Унгарија – Македонија А 20:19 (13:08)
Победник на турнирот е селекцијата на Унгарија
По завршување на последниот натпревар се одржа кратка церемонија на која беа доделени пехари за најуспешните селекции од страна на директорот на сениорската Македонска репрезентација г-дин Милчо Чакаревски и ген. Секретар на Ракометната Федерација на Македонија г-дин Филип Милошевски.
Прво пласирана екипа: Унгарија
Второ пласирана екипа: Македонија А
Трето пласирана екипа: Полска