Женската сениорска репрезентација забележа клучна победа во квалификацискиот циклус за обезбедување бараж натпревар за СП 2019.
Вечерва Македонија беше поуспешна од репрезентацијата на Исланд со резултат 29:21, на полувреме 16:10.
Репрезентацијата одигра одлично прво полувреме, цврстата игра во одбраната и ефикасноста во нападите и донесоа резултатска предност од 6 погодоци.
Во второто полувреме репрезентацијата ја одржуваше својата предност за конечни 29:21 во наша корист.
Листата на стрелци ја предводеше Сара Ристовска со 9 постигнати погодоци, потоа Јована Саздовска со 7 погодоци, додека за репрезентацијата на Исланд најефикасни ракометарки беа Арна Палсдотир и Роса Стефансдотир со по 5 погодоци.
Официјален записник од натпреварот.
Ракометната федерација Ве поканува повторно да дадеме подршка на нашата сениорска репрезентација во дуелот против Турција, кој ке се одигра утре во 20:00 часот во СЦ Борис Трајковски.
Фото: Гол.мк