Машката младинска репрезентација на Македонија со победа ги заокружи контролните натпревари во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство.
Во последната проверка пред заминувањето за Романија, избраниците на селекторот Игор Илиевски ја совладаа репрезентацијата на Италија со резултат 30:22, прикажувајќи сигурна и квалитетна игра.
Им честитаме на младинците за победата и им посакуваме многу среќа и успешен настап на претстојното Европско првенство!








