Три порази на Кадетите на меѓународниот турнир во Васлуи

Три порази на Кадетите на меѓународниот турнир во Васлуи

Машката кадетска репрезентација на Македонија со три порази во трите средби го заврши настапот на меѓународниот турнир во Васлуи, Романија. Кадетите утре се враќаат во Скопје, а веќе во вторник продолжуваат со подготовките за турнирот во Габрово.

Иако одиграа три квалитетни и резултатски тесни натпревари, избраниците на Данило Брестовац забележаа три порази на турнирот во Васлуи, Романија. На првата средба, Македонија имаше и пет гола предност во еден момент против Израел, но загуби на крајот со 29-27. Во вториот натпревар против домаќинот Романија, по многуте промени на водството Македонија го имаше последниот шут за изедначување кој не го реализираше за конечен триумф на Романците од 27-26, додека на третата средба против Украина, нашите ракометари загубија со 32-25.

Ова беше веќе втор подготвителен турнир за оваа генерација ракометари како подготовка за ЕХФ шампионатот летово во Грузија, односно за Светското Првенство што ќе се игра во Скопје во 2019 година. Кадетите во понеделник пристигнуваат во Скопје, а веќе во вторник продолжуваат со подготовки заедно со Младинците, по кои наредниот викенд ќе одиграат уште две пријателски средби, во Габрово против Бугарија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Ве известуваме дека на 04.09.2024 (среда) со почеток во 19.00