Три индивидуални награди за македонските ракометари на турнирот во Унгарија

Три индивидуални награди за македонските ракометари на турнирот во Унгарија

Двете македонски селекции во младите категории (Младинци до 20 години и Кадети до 18 години) без пораз ги завршија настапите на меѓународниот турнир во Балатонфуред, Унгарија, а по завршувањето на турнирот, тројца наши ракометари добија индивидуални признанија за најдобри на турнирот.

Мартин Серафимов, кој по враќањето во Скопје веднаш се приклучи и на сениорската репрезентација во подготовките во рамки на ЕХФ неделата, беше избран за најкорисен играч (МВП) во категоријата за ракометари до 18 години, додека Томислав Јагуриновски го доби истото признание во категоријата за играчи до 20 години. Покрај Серафимов и Јагуриновски, со награда се закити и Матеј Петковски, кој беше избран за најдобар голман во категоријата за играчи со 20 години.

Македонските репрезентации победија на сите 9 натпревари што ги одиграа во Унгарија, а овие турнири беа подготовка за ЕХФ Шампионатите што ги очекуваат избраниците на Данило Брестовац во Скопје и во Тбилиси ова лето.

ЕХФ Шампионатот за ракометари до 20 години во Скопје ќе се игра во периодот од 20 до 29 јули во СЦ „Борис Трајковски“, додека Кадетите (до 18 години) ќе настапат на турнирот во Тбилиси, Грузија, во периодот од 10 до 19 август.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на